Еурофарм Работник се пласира во групната фаза од ЕХФ Купот

Од:

Ракометарите на Еурофарм Работник во дебитантската сезона на меѓународна ракометна сцена се пласираа во групната фаза од ЕХФ Купот. Битолскиот тим беше поуспешен во двомечот од третото квалификациско коло од швајцарскиот Берн, откако денеска во возвратниот натпревар победи со 30:28.

На првиот натпревар одигран во Битола минатиот викенд, македонскиот тим забележа победа со 10 голови разлика.

Најефикасни во победничкиот тим на денешниот натпревар беа Граџан со седум гола, Ојлески и Кузмановски во листата на стрелците се запишаа по четири пати.

Ждрепката за групната фаза на ЕХФ Купот е закажана за в четврток на 29 ноември, а следните натпревари се закажани за 9/10 февруари 2019 година.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир