ЕУРО 2020 низ цела Европа?

Од:

Претседателот на европската фудбалска федерација УЕФА, Мишел Платини предложи Европското фудбалско првенство во 2020 година да биде организирано во цела Европа, а не само една или две земји.

„Таа е идеја, ништо уште не е дефинирано. Во декември или јануари идната година, ќе одлучиме дали домаќин на ЕУРО 2020 ќе биде една или две земји, или дури цела Европа”, изјави Мишел Платини на прес-конференција во украинската престолнина Киев, каде што во недела ќе се одигра финалниот натпревар од шампионатот во 2012 година што заеднички го организираа Полска и Украина.

Платини додаде дека „вклучувањето во организацијата на 12 или 13 градови, значително би ја олеснило организацијата и би се избегнале инфраструктурните проблеми со кои сега се соочуваат домаќините”.

За заедничка организација на Европското фудбалско првенство во 2020 година, инаку, заинтересирани се Шкотска и Велс, а кандидатура досега единствено поднесе Турција.

Идниот европски фудбалски шампионат во 2016 година ќе се одржи во Франција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он