Премиерниот натпревар на Европското младинско првенство за играчи до 21-година, кое се одржува во Полска, меѓу фудбалерите на Англија и Шведска заврши без голови 0:0.
Двете селекции имаа по неколку шанси да постигнат гол, а најзрелата во 80-тата минута ја имаа Швеѓаните.
Беше досудена најстрога казна за „викинзите“ но ударот од белата точка на Луси Њахквист англискиот голман Џордан Пинкфорд го одбрани.
Во вториот меч од оваа група вечерва од 20:45 часот ќе играат домаќинот Полска и селекцијата на Словачка.
Утре на програмата се натпреварите од Б групата во која од 18 часот ќе играат Португалија и Србија, а во вечерниот термин од 20 часот и 45 минути, младите македонски фудбалери во дебито на шампионатот ќе играат против селекцијата на Шпанија.
Потсетување дека во Ц група, се селекциите на Чешка, Данска, Германија и Италија.