Тепачка помеѓу навивачите на Франција и Северна Ирска

Од:

Продолжуваат инцидентите предизвикани од навивачите на Европското фудбалско во Франција. Најновата пресметка се случи во Ница каде француски навивачи се степаа со поддржувачи на Северна Ирска.

Според извештајот на локалната полиција, дваесетина Французи во близина на градскиот плоштад со шишиња почнале да фрлаат кон Ирците, на што овие возвратиле со иста мера.

По кусата физичка пресметка припадниците на полицијата успеале да ги раздвојат групите и да ја смират ситуацијата.

Во овој град вчера имаше судири и меѓу навивачи на Полска со фановите на Северна Ирска, а во Марсеј Русите и Англичаните во повеќе наврати имаа блиски средби по што има и неколку лица посериозно повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он