Македонската кошаркарска репрезентација за противници во претквалификациите за пласман на Светското првенство 2019 ги доби репрезентациите на Естонија и Косово.
Трите селекции во рамките на Ц групата ќе играат по два меѓусебни дуела, на домашен терен и на гости во периодот од 2 до 19 август во 2017 година.
На денешната жрепка во Прага беа извлечени и другите три групи:
А група: Словачка, Шведска, Босна и Херцеговина, Ерменија.
Б група: Албанија, Австрија, Холандија.
Д група: Португалија, Бугарија, Белорусија.
Првопласираните две селекции ќе обезбедат место во квалификациите за Мундијалот 2019 година што ќе се одржува во Кина.