Ериксен: Морав да го поминам карантинот во клупската база

Од:

Играчот од средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен зборуваше за тоа како ја преживува изолацијата, како и за неговиот трансфер во клубот во јануари.

– Трчам во подземниот паркинг и пресметав дека можам да трчам 35 метри, а потоа мора да се свртам и да истрчам уште 35 метри на враќање. Не сум допрел топка за 7 недели. Ова е најдолгиот период без фудбал во мојот живот и навистина ми недостасува.Бидејќи сè уште немам дом во Милано, решив да разговарам со Ромелу Лукаку и Ешли Јанг, но тие имаат семејства за кои треба да се грижат, а да спијам 14 дена на нечиј тросед е премногу долго. Наместо тоа, јас поминав карантин во клупската база со готвач и петмина вработени кои одбраа да се изолираат за да ги заштитат своите семејства, вели Ериксен за дански „Jyllands Posten“.

Тој вели дека трансферот во Интер е вистинскиот потег за него, бидејќи „Нероазурите“ биле многу упорни во нивната желба да потпишат со него.

– Ова е важно за играчот да знае дека е сакан. Тоа значеше дека тие ќе сторат сé за да ме привлечат. Некои навивачи на Тотенхем беа лути кога во интервјуто за Би-Би-Си реков дека имам подобри шанси да освојам нешто во Интер. Сепак, ова е точно, има многу клубови во Англија кои се посилни. Секогаш ќе има луѓе од Спарси кои ќе се лутат на мене, но повеќето навивачи беа позитивни и ми се допаѓаше да играм за клубот. Запознав неколку прекрасни луѓе и имам добри спомени. Посакувам да заминев во други околности, но така не функционира фудбалот, додаде Ериксен.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

Винисиус планирал забава за 100 луѓе, на сите им ветил Ролекси

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ