Ерера: Нејмар рече дека никогаш не бил посреќен во ПСЖ отколку што е сега

Од:

Уште еден од соиграчите на Нејмар изрази уверување дека тој е среќен во Париз Сен Жермен и тешко дека ќе замине летово за да се врати во Барселона.

Станува збор за играчот од средниот ред Андер Ерера.

Според него, другата голема sвезда на Парижаните – Килијан Мбапе, има намера да остане на „Парк де Пренс“ следната сезона.

– Мбапе и Нејмар се дел од ПСЖ. Тие се посветени на клубот, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме. Пред карантинот вечерав со Нејмар. Тој е многу вклучен во проектот на нашиот клуб. Тој ми кажа дека никогаш не бил посреќен во Париз како сега. Проектот на ПСЖ е таков што обајцата играчи се чувствуваат среќни во тимот, вели Шпанецот, цитиран од „goal“.

Како што е познато, навивачите на Барселона, како и дел од играчите на тимот, се надеваат дека Бразилецот ќе се врати на „Камп Ноу“ ова лето.

Со оглед на фактот дека Каталонците се во лоша финансиска состојба и зборовите на Ерера, ова може и да не се случи.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра