ЕП за ракометарки: Македонија во 2.коло против Шведска

Од:

 На женското Европско првенство во ракомет што се одржува во Србија, македонската репрезентација денеска го игра натпреварот од 2.коло против Шведска. Почетокот на овој дуел е во 18 часот и 15 минути.

Шведската репрезентација во 1.коло ја совлада Данска, а Македонија беше поразена од Франција.

Селекторот Гино Стрезовски и ракометарките уште пред почетокот на шампионатот најавија дека шанса за позитивен резултат се токму скандинавските селекции.

Во вториот натпревар од групата Б играат Франција – Данска.

Табела: Франција 2 бода, Шведска 2, Данска 0, Македонија 0.

Денеска се играат натпревари и во групата А во Белград, а двојките се: Србија – Украина (почеток 18:15) и Чешка – Норвешка (20:15).

Табела: Чешка 2, Норвешка 2, Србија 0, Украина 0.

Во групите Ц и Д денеска е слободен ден, а таму вчера беа одиграни дуелите од 2.коло по кое Шпанија и Црна Гора веќе обезбедија пласман во следната фаза.

Резултати и табели во групите Ц и Д:

Ц група (Нови Сад): Шпанија – Хрватска 25:21 и Унгарија – Германија 24:21.
Табела: Шпанија 4 бодови, Унгарија 2, Хрватска 2, Германија 0.

Д група (Вршац): Русија – Црна Гора 27:30 и Исланд – Романија 19:22.
Табела: Црна Гора 4, Романија 3, Русија 1, Исланд 0.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир