ЕП ракомет – жени: По бод за Србија и за Шведска

Од:

Во неизвесен натпревар од 1. коло од групата 1, домаќинот на 10-тото Европското првенство Србија и Шведска одиграа нерешено 23:23. Ова беше последниот натпревар од групата 1 одигран синоќа  во Белград. Репрезентацијата на Србија испушти предност од пет голови 23:18 во 52. минута и им дозволи на шведските ракометарки да освојат еден бод.

На другите два натпревара одиграни во „Комбанк Арена“ во Белград, европскиот шампион Норвешка постигна убедлива победа против Франција 30:19, додека Данска ја победи Чешка со 33:30.

Табела: Норвешка 6 бодови, Данска 4, Србија 3, Шведска 3, Франција 2, Чешка 0.

Утре се играат натпреварите од 2.коло во двете групи:

Група 1 (Белград): Чешка – Франција (почеток 16:10 часот), Норвешка – Шведска (18:10 часот) и Србија – Данска (20:10 часот).

Група 2 (Нови Сад): Шпанија – Русија (16:15), Германија – Црна Гора (18:15) и Унгарија – Романија (20:15 часот).

Табела група 2: Црна Гора 6, Унгарија 4, Романија 3, Шпанија 2, Русија 2, Германија 1.

Двете првопласирани репрезентации од групите ќе играат во полуфиналето, а третопласираните ќе играат во натпреварот за 5.место.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он