На убедлив начин со 30 поени разлика репрезентацијата на Шпанија ја совлада Србија и прва обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскетот во Словенија.
Победникот се наѕираше уште по првите 10 минути кои Шпанците ги решија во своја корист со 21:5, а на полувремето предноста ја зголемија за уште девет поени добивајќи ја втората четвртина со 27:18. Во третиот период „црвената фурија“ исто така направи плус 9 (25:16), а Србите беа поуспешни само во последната четвртина 21:17 за конечни 90:60.
По оваа победа Шпанија останува во игра за одбрана на шампионскиот трофеј освоен на последните две ЕП, додека Србија ќе разигрува за пласман од 5-8.место.
Вечерва се игра четвртфиналето број 2 во кое домаќинот Словенија за противник ја има Франција. Почетокот на овој дуел е во 21 часот.
Другите две полуфинални средби се закажани за утре.