ЕП кошарка: Одиграни натпреварите од 1.коло во Е групата

Од:

На Европското кошаркарско првенство кое се одржува во Словенија стартуваа натпреварите во групната фаза од вториот круг.

Пласман во четвртфиналето веќе обезбеди Србија, а по победата синоќа над Франција на добар пат да го стори тоа е Литванија. И третата репрезентација од групата во која играше Македонија имаше успешен ден. Летонија беше убедлива над Украина.

Постигнати резултати: Летонија – Украина 85:51, Белгија – Србија 69:76 и Литванија – Франција 76:62.

Табела Е група: Србија 6 бодови, Литванија 5, Франција 5, Летонија 4, Украина 4, Белгија 3.

Денеска се играат и првите средби од новоформираната Ф група.

Двојките се: Финска – Хрватска, Грција – Шпанија и Словенија – Италија.

Табела: Италија 4 бодови, Шпанија 3, Словенија 3, Финска 3, Хрватска 3, Грција 2. Првите четирипласирани селекции одат во следната фаза која ќе биде елиминациска. 

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ