ЕП фудбал У-21: Убедливи победи за Словачка и за Англија

Од:

Идентични победи со по 3:0 забележаа репрезентациите на Англија над домаќинот Полска и на Словачка против Шведска синоќа во 3.коло од Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година.

Словаците го совладаа бранителот на трофејот Шведска со головите на Мартин Криен, Јарослав Михалик, Лубомир Сатка во 73. минута. По овој резултат Словачка е со шанси да биде најдобро пласирана втора репрезентација и да игра во полуфиналето.

Триумфот на Англија над домашната селекција и го обезбедија Демараи Греј, Џејкоб Марфи и Луис Бејкер од пенал.

Табела: Англија 7 бода, Словачка 6, Шведска 2, Полска 1.

Би можело да ве интересира

ЕП фудбал У-21: Германија е нов европски шампион

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Германија прв финалист

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Барди во идеалниот тим на групната фаза

Наум Локоски

Милевски: Должност ми е како човек да ги испочитувам нашите херои

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Македонските младинци пропуштија шанса да ја совладаат Србија

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Пресврт победа за Англија

Наум Локоски