ЕП фудбал У-21: Пресврт победа за Англија

Од:

Репрезентацијата на Англија до 21 година ја постигна првата победа на Европското првенство во Полска откако вечерва со пресврт ја совлада Словачка со 2:1. Со овој триумф Англија ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.

Репрезентацијата на Словачка поведе во 23.минута со голот на Мартин Криен. Англија изедначи преку Елфи Мовсон во 50.минута, а победата од 2:1 ја донесе Нејтан Редмонд во 61.минута.

Во вториот натпревар од групата А вечерва од 20:45 часот во Лублин играат домаќинот Полска и Шведска. По некомплетното второ коло Англија е прва со 4 бодови, Словачка има 3, Шведска 1, а Полска е без бод.

Утре во терминот од 18 часот во дуел од Б групата од 2.коло во Бидгошч играат Македонија и Србија.

Би можело да ве интересира

ЕП фудбал У-21: Германија е нов европски шампион

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Германија прв финалист

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Барди во идеалниот тим на групната фаза

Наум Локоски

Милевски: Должност ми е како човек да ги испочитувам нашите херои

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Убедливи победи за Словачка и за Англија

Наум Локоски

ЕП фудбал У-21: Македонските младинци пропуштија шанса да ја совладаат Србија

Наум Локоски