На отворањето на 1.коло во групата Б од Европското првенство за фудбалери до 21 година, репрезентацијата на Португалија вечерва ја победи Србија со 2:0.
Гонсало Гуедеш во 37.минута им донесе водство на Португалците, а победата ја завери Бруно Фернандеш во 88.минута.
Во вториот дуел од стартното коло на оваа група, вечерва од 20 часот и 45 минути во Гдиња играат Македонија и Шпанија.