Кошаркарот на Њујорк, Кармело Ентони стана 40. играч во историјата на НБА лигата кој постигнал најмалку 20.000 поени во кариерата.
Тој во петтата минута од првата четвртина на синоќешната средба со Шарлот (96:93) постигна тројка и постана шести најмлад нба-лигашки кошаркар со ефект од најмалку 20 илјади поени.
– Никогаш не сум размислувал за таквата евиденција и остварување на таков рекорд. Јас дефинитивно сум почестен со ова искуство. Претпоставувам дека сега морам уште повеќе да прикажувам на теренот, рече Ентони.
Популарниот Мело 13.790 поени има реализирано како играч на Денвер, а остатокот како член на Њујорк Никс, каде што е од 2011 година.