Крилниот центар Ентони Дејвис го продолжи договорот со Њу Орлеанс Пеликанс на уште 5 години за рекордни 145 милиони долари.
Вкупно гледано овој договор на 22-годишниот кошаркар е најголемиот во историјата на НБА.
Со годишна заработка од 29 милиони долари Дејвис е осмиот најплатен играч во светот по сезона во историјата на спортот.
Крилниот центар, беше прв пик на драфтот во 2012 година, а минатата сезона просечно постигнуваше по 24,4 поени и 10,2 скокови по меч.