Ентоан Џејмисон потпиша за една сезона со Л.А. Клиперс, откако минатата сезона го носеше дресот на Лејкерси.
Неговата плата ќе биде 1.4 милиони долари, а со неговото доаѓање „Клиперси“ додадоа уште еден искусен играч на клупата.
„Подготвен сум да помогнам со сите сили и се надевам дека токму јас ќе бидам делот од сложувалката, кој ќе не одведе на врвот”, рече тој.
37-годишниот Џејмсон не беше прв избор за тимот од Л.А., но информациите за проблемите на Ламар Одом и гласините дека има проблеми со дрогата, ги натераа Клиперси да се сврти кон Ентоан.