Најмладиот играч во историјата на НБА лигата, Ендрју Бајнам, кариерата ќе ја продолжи во Кливленд.
Тој минатата сезона беше играч на Филаделфија, но за овој тим поради повредата на колено не одигра ниту еден натпревар.
Поради проблемите со повредите кои ја обележаа досегашната кариера на Бајнам, во лигата е веќе седум години, Кливленд му понуди годишна плата од два милиони долари, која со бонусите може да нарасне и до 12 милиони долари, во зависност од тоа колку натпревари ќе одигра во сезоната.