Енди Мареј со прва победа после девет месеци

Од:

Британскиот тенисер, Енди Мареј, кој имаше операција на колкот, после цели девет месеци им се врати на победите на АТП турнири.

Мареј денеска на турнирот во кинескиот град Жухаи, го совлада Тенис Сандгрен со 6:3, 6:7, 6:1, и тоа е негова прва радост во сингл од први јануари наваму. Шкотланѓанецот во минатото беше и прв на АТП листата, а сега е дури 413-ти, па затоа победата над 69-тиот Сандгрен покажува дека Мареј напредува и може наскоро да се врати меѓу најдобрите.

Во август, Мареј загуби од Сандгрен, па ова беше реванш. Во следното коло, Мареј ќе игра со Алекс де Минаур, кој е 31-ви на светот.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ