Енди Мареј изби на второто место на АТП листата

Од:

Новак Ѓоковиќ убедливо води на АТП листата со 13.370 поени, а промени во самиот врв на листата направија финалистите од Мајами Енди Мареј и Давид Ферер.

Шкотскиот тенисер изби на втората позиција поради тоа што го мина Роџер Федерер, а Ферер по четврти пат е пред сонародникот Рафаел Надал, којшто не настапи на последниот турнир со цел да биде што подобро подготовен за наредните настапи на земја.

Со освојувањето на титулата во Мајами, бодовното салдо на Мареј се подобри и сега има 3.620 бодови помалку од Ѓоковиќ. Разликата помеѓу актуелниот олимписки шампион и Роџер Федерер изнесува само осумдесет бодови.

Финалето во Мајами го врати Ферер на четвртата позиција, а во Топ 10 местата си ги заменија само Јанко Типсаревиќ и Ришар Гаске. Французинот изби на деветтата позиција со 230 поени предност пред Србинот, кој досега собра 3.000 поени.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех