Првата група на македонски спортисти (борење, кајак, карате) и официјални лица, предводени од шефот на делегацијата, Владимир Богоевски, во вторник ќе заминат за Баку.
Престолнината на Азербејџан од 12-ти до 28-ми јуни ќе биде домаќин на првите Европски игри.
На церемонија на свеченото отворање македонското знаме ќе го носи каратистот Емил Павлов.
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Васил Тупурковски, соопшти дека за освоен златен медал на ЕИ, натпреварувачите ќе бидат наградени со парична награда во износ од 4.000 евра, за сребрен медал ќе добијат 2.500 евра и за бронзен медал 1.500 евра.
Финансиски награди ќе има и за другите спортисти кои ќе освојат висок пласман на ЕИ во Баку. Од овие награди се исклучени атлетика (учествува трета лига), како и малолетните спортисти (пливање).