Еден од најдобрите фудбалери во македонската репрезентација, Елиф Елмас не стравува од предизвикот – Европско првенство.
– Свесни сме што не очекува на Европското првенство. Подготвени сме за натпревари со силен интензитет, изјави Елмас.
Членот на Наполи не го крие задоволството што публиката се врати на стадионот и очекува поддршка на мечот со Казахстан, слична како на таа во вторникот на средбата со Словенија.
– Прекрасно е чувството кога се игра пред публика. Како што кажав и претходно, Македонија секогаш игра на победа, така беше и против Словенија, така ќе биде и утре. Казахстан не е репрезентација што треба да се потцени, утре ќе дадеме максимум во обид со победа да ги израдуваме нашите навивачи кои верувам ќе дојдат во голем број да не бодрат.
Мечот против Казахстан се игра утре со почеток од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески”.