Најголемото изненадување на УС Опен досега го направи српската тенисерка Александра Круниќ, која со 2:0 во сетови во 3.коло ја елиминира шампионката на Вимблдон Петра Квитова.
Круниќ двата сета ги доби со 6:4, а на турнирот дојде како 143-та тенисерка на ранг листата. Во следното коло ќе игра со победничката од дуелот Елена Веснина и Викторија Азаренка.
Од другите мечеви кај тенисерките пласман во следната рунда обезбеди и Флавиа Пенета со победата од 2:0 над Никол Гибс.
Кај мажите од денешните мечеви во 3.коло победи постигнаа Кеи Нишикори и Милош Раониќ.