Екипата на Бруклин Нетс ги комплетираше трансферите на Кевин Гарнет и на Пол Пирс кои доаѓаат од тимот на Бостон Селтик.
Во трансферот се вклучени дури девет играчи. Бостон оваа сезона комплетно ја „реновира“ екипата, а покрај Гарнет и Пирс, ќе настапуваат и без Џејсон Тери и Ди Џеј Вајт.
Во таборот на Бостон од Бруклин ќе дојдат: Џералд Валас, Крис Хемфрис, Маршон Брукс, Крис Џозеф, Кит Боганс и првите пикови на драфтот во 2014, 2016 и 2018 година.
Сопственикот на Бруклин Михаил Прохоров со новите засилувања (Гарнет, Пирс и Андреј Кириленко), ќе ја надмине границата за плати, кои ќе изнесуваат околу 100 милиони долари, па ќе мора да плати околу 80 милиони долари „данок на луксуз“.