Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Луковиќ кариерата ја продолжува во шпанската Мурсија.
Луковиќ, кој две сезони го носеше дресот на македонскиот првак, а лани настапуваше во словенечкиот тим Крка, потпиша договор со тимот на Мурсија, па следната сезона покрај настапите во силната АЦБ лига, Луковиќ со својата нова екипа ќе игра и во ФИБА Лигата на шампиони.
Луковиќ минатата сезона за екипата на Крка имаше одлични настапи со просечен учинок од 17 поени и 7 скокови по натпревар.
Пред да игра во Словенија, тој беше дел и од тимот на МЗТ Скопје Аеродром, во чии редови дојде од германскиот тим Трир, а настапуваше и за екипата на Мега Визура.