Екипата на „Марфил“ е победник на турнирот во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп

Од:

Екипата на „Марфил“ е победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал кој изминативе 16 денови се одржуваше во Прилеп.

Екипата на „Марфил“ ја победи екипата „Зоки 2006“ во синоќешното финале во спортската сала „Сонце“ кај тутунскиот комбинат.

„Марфил“ во вечерашното финале со 1:0 ја победи екипата на „Зоки 2006“. Екипа доаѓа од Куманово, а спонзор им е месната индустрија „Марфил“ од Прилеп. Синоќа беа прогрласени најдобрите екипи и поедици со што заврши овој традиционален турнир кој се одигрува по повод патронот на градот „Свети Никола“, а годинава средствата се наменети за Дневен центар за децата заболоени од церебрална парализа.

Драган Петровиќ, најдобриот играч на турнирот од екипата на „Марфил“ вели дека петта година екипата учествуваат на турнирот

– Ова е прекрасен турнир на кој ние доаѓаме веќе петта година по ред. Атмосферата во текот на целиот турнир беше прекрасна, публиката одлична и целата организација ја оценувам со највисоки оценки. Се надевам дека и наредната година ќе дојдеме, рече Петровиќ.

Третото место на турнирот го освои еркипата на „Волци“. Трите екипи добија и парични награди: за првото место првото место се доделени 160.000 денари, за второто 90.000 и за третото место се доделени 60.000 денари. За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Јорданчо Наумоски од екипата која заврши на четвртото место -„Мите Транс“.

Во конкуренцијата на ветераните победник беше екипата на „Златна рака“ која својата парична награда од 20.000 денари ја донираше за прилепската болниица „Борка Талески“.

Наградите на најдобрите на турнирот ги подели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Тој се заблагодари за одличната организација од „Локалниот спортски сојуз“ и компанијата „Комфи Ангел“.

– Овој турнир е од хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на Центарот за деца заболени од церебрална парализа. На сите граѓани им ги честитам претстојните празници и ги повикувам на 31 декември заедно да ја пречекаме Новата година на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“, рече Јованоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на турнир во мал фудбал во Радовиш: Општа тепачка, боскови, летаат столчиња

Почна Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сокол 2019“

Ана Ололовска

Заврши турнирот во мал фудбал, победник екипата од Бучин

Завршни натпревари на турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Ана Ололовска

Почна традиционалниот турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Ана Ололовска

Турнири во фудбал и кошарка во општина Гази Баба

Ана Ололовска