Ефикасен натпревар на Манчестер јунајтед, со 3:1 го победија Кристал Палас

Од:

Манчестер Јунајтед забележа победа во уште еден подготвителен натпревар. Во Мелбурн „црвените ѓаволи“ го совладаа Кристал Палас со 3:1.

Тоа беше натпревар во кој менаџерот Ерик Тен Хаг ги испроба речиси сите играчи, а од клупата за резерви натпреварот го гледаа само Лук Шо, Факундо Пелистри, Тахит Чонг, Ерик Баи и Алехандро Гаранчо. Сите други добија минути.

Првиот гол Јунајтед го постигна во 17. минута кога Ентони Марсијал погоди на асистенција на Диого Дало.

Во вториот дел влезе Дони Ван Де Бик и му беа доволни само две минути да му асистира на Маркус Рашфорд за 2:0. Во 59. минута Џејдон Санчо го постигна третиот гол за „црвените ѓаволи“.

Почесниот гол за Кристал Палас го постигна Џоел Вард во 74.минута.

До крајот на натпреварот треба да се напомене дека црвен картон доби тинејџерот од Јунајтед, Вилијам Фиш.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

А1он

Новиот тренер на Јунајтед: Ми рекоа или ќе дојдеш веднаш, или воопшто нема да дојдеш!

А1он

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Јунајтед потроши 84 милиони евра на отпуштените менаџери

А1он

Тен Хаг доби отказ од Манчестер Јунајтед

А1он

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Горан Наумовски