Џордан Теодор сигурно ќе игра во претквалификациите

Од:

Иако македонската кошаркарска репрезентација на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ настапува без новото американско засилување Теодор Џордан, сепак добрата вест е дека Американецот ќе биде подготвен токму за најзначајните натпревари за црвено-жолтите, односно претквалификациите за Светското првенство.

Теодор, кој заработи повреда на мускулот на пријателскиот меч против Бугарија, бргу закрепнува и веќе во наредните денови се очекува комплетно да му се стави на располагање на селекторот Јорданчо Давитков.

Токму селекторот Давитков најави дека повредата на кошаркарот е надмината и дека Теодор ќе биде во тимот кој игра во претквалификациите за Мундијалот.

– Хематомот од повредата на Џордан повеќе го нема, но се уште не е комплетно здрав за да игра на пријателските средби. Се надевам дека во Бугарија ќе може да игра, барем некоја минута. Ќе му требаат уште пет до шест дена да влезе во сериозен тренинг, изјави Давитков.

Македонија претквалификациите за СП 2019 ги стартува на 2 август, со гостување кај Косово, а за противник ќе ја има и селекцијата на Естонија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ