Џејмс и Ирвинг со по 41 поен го урнаа шампионот

Од:

Кошаркарите на Кливленд успеаја да ја продолжат финалната серија во НБА лигата откако ноќеска на теренот на шампионот Голден Стејт постигнаа победа со 112:97 и со тоа го спречија ривалот да го освои шампионскиот пехар.

По натпреварот број 5 скорот во победи е 3-2 за Голден Стејт.

Резултат по четвртини: 29:32; 32:29; 23:32 и 13:19 (97:112).

Тандемот на Кливленд Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг постигнаа по 41 поен, што е првпат на еден натпревар од НБА финале двајца соиграчи да имаат повеќе од 40 поени. Воедно Кливленд успеа да го запре нападот на Голден Стејт во последната четвртина кога домаќините постигнаа само 13 поени, а имаа и во текот на натпреварот 17 грешки.

Кај Голден Стејт Клеј Томсон постигна 37 поени (6 тројки), а Стеф Кари реализираше 25 поени. Во редовите на домашната екипа поради суспензија од НБА не играше Дрејмонд Грин, а на почетокот на вториот дел се повреди и Ендрју Богут, додека кај Кливленд по паузата поради повредата во „стартните пет“ се врати Кевин Лав.

Следниот натпревар се игра во четврток навечер (16.јуни) на теренот на Кливленд.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on