Престојните Олимписки игри во Лондон ќе бидат интересни и по тоа што на нив ќе учествуваат двајца спортисти кои ќе настапат самостојно, односно нема да преставуваат ниту една држава.
Во прашање се Филипине ван Анхолт и Реџиналд де Винт, двајцата жители на Холандски Антили.
Бидејќи, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во 2011 година ги исклучи Холандски Антили, Ван Анхолт и Де Винт во Лондон ќе настапат под олимпиското знаме.
Ова нема да биде прв пат во историјата на ОИ спортисти да учествуваат како независни, односно под знамето на Игрите.
Прв пат тоа се случи во 1992 година во Барселона, кога спортисти од поранешната СФРЈ и Република Македонија, поради спортски санкции се натпреваруваа под знамето на ОИ. Во Барселона вкупно 58 спортисти се натпреваруваа под олимпиското знаме.
Вториот пример се случи осум години подоцна во Сиднеј кога четворица спортисти од Источен Тимор се натпреваруваа по олимпиското знаме.