Српскиот кошаркарски интернационалец, Урош Дувњак, повеќе не е член на екипата Карпош Соколи, откако договорно ја прекина соработката со македонскиот клуб и реши кариерата да ја продолжи во грчкиот прволигаш Аполон Патра.
Искусниот бек, кој беше едно од првите засилувања на „соколите“ во пресрет на новата сезона, настапи на сите девет досегашни средби во АБА-лигата и тоа со просек од 5,2 поени.
– Управата на Карпош Соколи му се заблагодарува на прикажаното во дресот на нашиот клуб и му посакува се најдобро во понатамошната кариера, се вели во информацијата на македонскиот претставник во АБА лигата.