Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурент, смета дека Мајкл Џордан е најдобриот играч во историјата на овој спорт.
Ѕвездата на Оклахома ја одбрал и идеалната петорка, во која покрај Џордан се наоѓаат уште Меџик Џонсон, Лери Бирд, Хаким Олајџувон и Шекил О’Нил.
„Мој плејмејкер би бил Меџик, бек Мајкл Џордан, тројка би бил Бирд, четворка Хаким, а петка Шекил. Тоа би бил сериозен тим“, рекол Дурент.
На прашањето кој би бил МВП на овој тим, Дурент без размислување одговорил: „Џордан секако. Тој е најдобриот играч кои некогаш стапнал на паркетот“.