Од денеска и за време на викендот во Скопје ќе се одржи државно првенство во тенис за јуниори и јуниорки до 14 години.
Натпреварите ќе се играат на четирите земјени терени на тенискиот клуб „Тенис парк“, почнувајќи од 9 часот по претходно направен распоред за играње.
Повеќе информации може да се добијат на телефонот 070/385-021 и на [email protected].