По повод 15 Октомври – Светскиот ден на белиот стап, симболот на слепиот човек, Националната спортска федерација на слепите на Македонија во соработка со Националниот сојуз на слепите, од денеска до 12 октомври организираат традиционално Државно првенство во голбoл за слепи и слабовидни лица.
На државно првенство ќе учествуваат голбoл екипи од осум градови кои се квалификувани на регионалните натпревари меѓу кои и екипа од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.
Првенство ќе се одржи во Спортската сала на Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ во Неготино.