Државно изборно првенство во борење за млади до 20 години одржано во Прилеп

Од:

Денеска во Прилеп се одржа државното изборно првенство за борење за млади до 20 години. Организатор на првенството е федерацијата на боречки спортови на Македонија, а домаќин и технички организатор е клубот „7 Мај Леов“ од Прилеп. На првенството денеска се натпреваруваа 50 учесници од цела Македонија.

„По втор пат сме во Прилеп за една недела, каде ја одбираме младинска репрезентација на Македонија во борење до 20 години. Денеска ќе ги одбереме најдобрите репрезентативци кои наредната недела ќе заминат на турнирот „Петко Сираков“ во Варна, Бугарија. Тоа е младински турнир каде ќе учествуваат тројца наши борачи, судија и селекторот на репрезентацијата за младинците“ истакна Дејан Богданов, заменик претседател на боречка федерација на Македонија.

Членовите на боречкиот клуб „7 Мај Леов“ од Прилеп истакнаа дека се горди што по втор пат ја добиваат довербата од федерацијата на боречки спортови од Македонија да бидат домаќини и технички организатори на еден вака голем настан.

„Денеска сме домаќини за изборно првенство за млади до 20 години. Победниците во своите категории влегуваат во репрезентацијата на Македонија, која е под покровителство на федерацијата за боречки спортови на Македонија и ќе земат учество на интернационалните турнири. Во најскоро време таков турнир ќе се одржи во градот Варна во Бугарија и тоа следниот викенд, каде ќе земат учество 10 боречки велесили како една Русија, Турција и други. Тука денес учесниците се натпреваруваат во 7 категории, распределени според тежината“, рече Илчо Маркоски, боречки клуб „7 Мај Леов“ од Прилеп.

Инаку минатиот викенд Прилеп беше домаќини на изборното првенство во борење за млади до 23 години, У-23.

Би можело да ве интересира

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски

Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92% е реализиран од СДСМ