Дрогба VS Робен: Кој ќе победи?

Од:

Напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба изјави дека утрешниот натпревар против Баерн Минхен во Лига на шампиони ќе биде еден од најважните натпревари во неговата кариера.

„Играв многу натпревари со Челзи, но овој е еден од најбитните. Не знам дали сум роден за финале натпревари, но уживам во нив. Челзи вторпат стига до финале во Лига на шампиони. Подготвени сме да ги победиме Германците“, вели Дрогба во интервју за официјалниот веб-сајт на УЕФА.

Наспроти него, Арјен Робен од Баерн Минхен е полн со самодоверба, уверен дека тие ќе го добијат големиот натпревар.

„Го гледав полуфиналето Челзи против Барселона, одиграа одлично во дефанзивата, но ќе треба да ги разочарам, ние ќе победиме во финалето. Да се игра финале на домашен терен е речиси неопишливо“, изјави Робен.

Баерн Минхен утре на домашно тло го пречекува Челзи во големото финале од Лигата на Шампионите. Ако победи Челзи тоа ќе биде неговата прва европска шампионската титула, доколку изгуби, Баерн Минхен по петипат ќе биде шампион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он