Кошаркарите на САД успешно ја почнаа одбраната на титулата освоена пред 4 години во Пекинг, ја совладаа Франција со 98:71.
Предводени од НБА ѕвездите Кевин Дурент кој постигна 22 поени имаше и девет скока, потоа Кевин Лов со 14 поени, Леброн Џејмс со 9 поени, 5 скока и 8 асистенции, а и сите останати копшаркари се запишаа во листата на стрелците.
Французите издржаа на налетите на „тимот од соништата“ само во првите десет минути, кога резултатот гласеше 22:21 за САД. Сепак, веќе во следниот период Американците влегоа во ритам, постигнаа 30 поени наспроти 15 на противникот, по што продолжија да им приредуваат вистинско шоу на многубројните навивачи.
Траоре со 12 поени беше најпрецизен кај Франција, каде што разочара Тони Паркер со 10 поени и само една асистенција.