Дресот на Леброн Џејмс најпродаван во НБА лигата

Од:

Дресот на кошаркарот на Мајами Леброн Џејмс е најпродаван во НБА лигата.

– Многу ми значи што имам толку обожаватели кои сакаат да го носат мојот дрес. Тие не само што почитуваат како јас играм, туку почитуваат и каков човек сум, изјави Џејмс.

По дресот на „Кралот“ најпродавани се дресовите на Кевин Дјурант од Оклахома, Коби Брајант од ЛА Лејкерс, Дерик Роуз од Чикаго, Стефон Кари од Голден Стејт и Кармело Ентони од Њујорк.

Оваа е шеста сезона во која дресот на Леброн е најпродаван. Ѕвездата на Мајами во НБА лигата е од 2003 година.

На листата клубови со најмногу продадени дресови води Мајами (заслуга за тоа освен Џејмс има и Двејн Вејд кој е седми на листата играчи со најпродавани дресови), пред Лејкерси, Чикаго, Оклахома и Њујорк.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on