Дрејмонд Грин суспендиран на петтиот натпревар

Од:

По дуелот со Леброн Џејмс, по кој настана и блиска средба помеѓу двата играчи, Дрејмонд Грин ризикуваше суспензија за следниот натпревар од НБА финалето. Оваа одлука денес беше потврдена од страна на дисциплинската комисија на најсилната кошаркарска лига во светот.

Вориорси стравуваа дека ќе останат без својот мотиватор, кој и претходно беше суспендиран заради ударот врз Стивен Адамс, во финалето на Западната конференција. На претходниот натпревар, во кој Голден Стејт победи среде Кливленд и се одлепи на 3-1 во финалната серија, Грин и Џејмс разменија неколку пцовки, а и во дуелот неколку моменти подоцна имаше и физичка пресметка. Петтиот натпревар од финалната серија се игра во вторник наутро, во „Оракл арената“ со почеток во 03.00 часот.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on