Силното невреме во Мелбурн проследено со дожд е причината за прекин и одложување на квалификациите во трката од Формула 1. Новиот термин е шест часа пред главната трка закажана за утре во 7 часот по македонско време.
Додека имаше услови да се вози, водечки беше Нико Розберг од Мерцедес кој само еднаш во кариерата има освоено пол-позиција.
Редослед на првите шест на квалификациите за Големата награда на Австралија со која се отвора новата сезона во Формула 1 до прекинот:
1.Нико Розберг (Мерцедес)
2.Фернандо Алонсо (Ферари)
3.Ромен Грожан (Лотус)
4.Серхио Перез (Мекларен)
5.Марк Вебер (Ред Бул)
6.Фелипе Маса (Ферари).
Потоа следуваа Фетел, Батон, Верњ, Хамилтон, Раиконен, Ди Реста, Хулкенберг, Рикардо,….