Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, победи на трката за Големата награда на Чешка во Брно, а втор е неговиот клупски колега Хорхе Лоренцо.
На третата позиција заврши водечкиот во генералниот пласман Марк Маркез од Хонда.
Возачот на Јамаха, Валентино Роси, го освои четвртото место, иако во еден дел од трката беше и во водство, но не успеа да го издржи притисокот на конкурентите.
Трката во Брно беше интересна и неизвесна, бидејќи до самиот крај се водеше борба за првата позиција.
Лидерот во генералниот пласман Марк Маркез ја зголеми предноста и сега има 181 бод, додека на второто место е Валентино Роси со 132 бода.