Дортмунд очекува финансиски загуби за сезоната 2019/20

Од:

Бундеслигашот Борусија Дортмунд очекува финансиски загуби за сезоната 2019/20, откако забележа огромен пад на приходите за првите девет месеци од периодот.

Извршниот директор на германскиот клуб Ханс-Јоаким Вацке и бордот на директорите не дадоа конкретна прогноза за сумата, но предупредија за тоа во посебна изјава.

Приходите на Борусија Дортмунд во третиот квартал паднаа на 1,1 милиони евра од 29,4 милиони евра претходната година.

Продажбата падна на 79,8 милиони евра од 83,7 милиони евра во претходните 12 месеци.

Економската состојба во Дортмунд е поврзана со натамошните одлуки на германската влада и развојот на пандемијата на коронавирус.

Борусија Дортмунд е на второто место на табелата во Бундеслигата, која треба да се обнови на 16 мај по паузата поради пандемијата, но со натпревари без гледачи.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра