Доминација на гостинските екипи во Евролигата

Од:

На сите пет досега завршени натпревари од 4.коло во „ТОП 16 фазата“ на кошаркарската Евролига победи остварија гостинските екипи.

Во Е групата синоќа се одиграа три натпревари. Постигнати се следниве резултати: Бросе Баскетс – Анадолу Ефес 76:94, Уникаха Малага – Реал Мадрид 64:72 и Жалгирис – ЦСКА Москва 73:87. Во вторникот Алба Берлин – Панатинаикос 73:79.

На единствениот вчерашен дуел од Ф групата, Бешикташ – Барселона 59:73.

Вечерва се играат останатите три средби од оваа група: Химки – Макаби, Фенербахче Улкер – Каха Лаборал и Олимпијакос – Монтепаски.

Табела Е група: ЦСКА Москва 4-0 (победи-порази), Реал Мадрид 4-0, Анадолу Ефес 3-1, Панатинаикос 3-1, Жалгирис 1-3, Уникаха 1-3, Бросе Баскетс 0-4, Алба Берлин 0-4.

Табела Ф група: Каха Лаборал 3-0 (победи-порази), Монтепаски 3-0, Барселона 3-1, Химки 2-1, Макаби 1-2, Олимпијакос 1-2, Фенербахче Улкер 0-3, Бешикташ 0-4.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он