Домашни победи на водечката „четворка“ од Западната конференција

Од:

Четирите првопласирани екипи од Западната конференција во НБА лигата ноќеска остварија победи на дуелите кои ги одиграа на домашен терен. Сите четири тима постигнаа двоцифрени победи.

Шампионот Голден Стејт предводен од Клеј Томсон (43 поени) и Стеф Кари (25 поени), кои заедно постигнаа 68 поени го совлада Феникс. Томсон 27 од 43-те поени ги постигна во третиот период.
ЛА Клиперс беше подобар од Милвоки, Сан Антонио славеше над Вашингтон, додека Оклахома Сити го совлада Портланд.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Индијана – Далас 107:81,
Орландо – Шарлот 113:98,
Бруклин – Мајами 98:104,
Детроит – Бостон 119:116,
Њујорк – Минесота 107:102,
Атланта – Филаделфија 127:106,
Чикаго – Мемфис 98:85,
Оклахома Сити – Портланд 106:90,
Сан Антонио – Вашингтон 114:95,
Јута – Њу Орлеанс 94:104,
Голден Стејт – Феникс 128:103 и
Лос Анџелес Клиперс – Милвоки 103:90.

Пласман Источна конференција: Кливленд 16-7 (победи-порази), Чикаго 15-8, Индијана 15-9, Мајами 15-9, Торонто 16-10, Шарлот 14-10, Орландо 14-11, Детроит 15-12, Атланта 15-12,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 25-1, Сан Антонио 22-5, Оклахома Сити 17-8, ЛА Клиперс 16-10, Далас 14-12, Мемфис 14-13, Хјустон 12-14, Денвер 11-14,… 

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on