Доделени наградите на најдобрите спортисти во Скопје за 2017 година

Од:

Сојузот на спортови на град Скопје денеска им ги додели наградите на најдобрите спортисти од македонската престолнина за оваа година.

Најмногу награди доби актуелниот европски ракометен шампион Вардар.

Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов е избран за најдобар спортист, пред Дејан Георгиевски (Теквондо) и Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање). Меѓу десетте најдобри уште влегоа: Дејан Недев (традиционално карате), Сара Ристевска (ракомет), Слободан Ивчевски (мотоциклизам), Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам), Берна Шерифовска (џудо) и Дарио Ивановски (атлетика маратон).

За најдобар странски спортист е прогласен голманот на Вардар, Арпад Штербик.

Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез е најдобар тренер.

РК Вардар е најдобар клуб во машка конкуренција.

ЖРК Вардар е најдобар женски клуб.

За најдобар млад спортист е избран Петар Заборски од Макпетрол, пред Мартин Томовски (ракомет, Металург), Хамза Јашари (џудо, Миоки), Мила Саздовска (традиционално карате, Работнички) и Аид Салихаси (борење, Тефејуз).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето