Фудбалската федерација на Македонија на својата официјална веб страна го претстави официјалниот флаер (брошура), наменета пред се за навивачите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, тимови кои на 8 август во Скопје ќе се борат за трофејот во УЕФА Супер купот.
Во инфо – брошурите објавени на англиски и шпански, добредојде на сите навивачи и фудбалски фанови за натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед им посакуваат претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во официјалниот флаер се содржани основни информации за градот Скопје, како да се пристигне во Скопје, информации за Националната арена „Филип Втори“, фан зоните и како најлесно да се пристигне на стадионот.