Пијаниот навивач кој фрли шише на патеката на олимпискиот стадион на само неколку секунди пред стартот на трката на 100 метри за мажи е уапсен.
Британската полицијата потврди дека тие го задржале човекот во притвор под сомнение за предизвикување јавно вознемирувње на луѓе.
Портпаролот на полицијата изјавил: “Пијаниот навивач прво бил слушнат како гласно ги навредува некои од тркачите, а потоа фрлил пластично шише на само неколку секунди пред трката.
Сепак, „фрлачот“ имал проблеми и пред апсењето. Имено, на трибините лично го превоспитала 32-годишната Холанѓанка Едит Бош, која освои бронзен медал на ОИ во џудо.
„Пијан гледач пред мене фрли шише на патеката. Неверојатно. Лута сум поради тоа непочитување… А, и го пропуштив финалето на 100 метри“, напиша Бош на Твитер. Таа е висока 183 сантиметри.
По завршувањето на трката, американскиот спринтер Џастин Гетлин, кој освои бронза, изјавил: “Тоа беше мало одвлекување на вниманието но во тој момент јас не обрнав внимание да видам што е тоа.
“Но, кога сте во тие моменти пред стартот и целиот стадионот е тивок може да се слушне и игла како паѓа “.
Болт им изјавил на новинарите дека бил свесен за инцидентот.
Тој додал: “Јас не знам кој би го сторил тоа. ”
Колегата спринтер од Јамајка Јохан Блејк рече: “Јас бев толку фокусиран што не видов ништо.”
Никој не беше повреден за време на инцидентот, соопшти полицијата.
Гетлин изјавил дека инцидентот не влијаел на трката: “Вие само треба да го блокирате умот и да појдете таму и да го направите она што морате да го направите. Вие не може да се жалите за тоа, трката продолжи во својот тек и тоа беше впрочем одлична трка.