Најдобриот германски кошар Дирк Новицки уште еднаш влезе во историјата на светската кошарка, односно најдобрата светска лига НБА.
Новицки на синоќешниот натпревар на кој неговата екипа Далас славеше победа над Филаделфија партиципираше со вкупно 18 постигнати поени, а некаде на половина од мечот постигнувајќи го својот 10-ти поени, тој стигна до бројката од вкупно 29.000 поени чостигнати во НБА кариерата.
Со тоа Германецот стана шестиот играч во историјата на НБА кој стигна до таа бројка.
На 37-годишниот Новицки сега цел му е бројката над 30.000 поени и евентуално да го мине легендарниот Вилт Џемберлејн кој со вкупно 31.419 постигнати поени е на петтото место на вечната листа. А, на неа лидер е Карим Абдул-Џабар со 38.387 пред, Карл Мелоун со 36.928, Коби Брајант кој досега има постигнато 33.290 и годинава со завршувањето на сезоната најави пензионирање, и Мајкл Џордан кој кариерата ја заврши со 32.292 поени.