Директорот на Вимблдон: Се надевам дека Федерер и Серена ќе играат во 2021 година

Од:

Директорот на едно од најпрестижните натпреварувања во светскиот тенис – „Вимблдон“ – Ричард Луис изрази надеж дека турнирот во 2021 година ќе биде посилен од кога било.

Тој ги сподели своите очекувања за следното издание на турнирот и посака сите фаворити да бидат здрави и да учествуваат на Гренд слем.

– Многу би сакал 2021 година да биде различна година за сите. По тешките периоди што ги доживуваме сега, се надевам дека размислувањето на луѓето ќе се промени. Очекувам да ги видам сите фаворити кај мажите и жените во следното издание на турнирот. Јавноста го заслужува тоа. Сигурен сум дека заедно не очекуваат неверојатни емоции, а најголема моја желба е Роџер Федерер и Серена Вилијамс да се појават на светата трева. Тие се големи шампиони и обајцата имаат 15 освоени титули овде. Убеден сум дека најдоброто допрва треба да дојде, заклучи директорот.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата