Димовски: Динамо Минск е опасен на гости

Од:

Веста дека белорусинскиот Динамо Минск е следен противник на нашиот шампион во осминафиналето од Лигата на шампионите, одекна многу брзо и сите беа задоволни од ждрепката, меѓутоа капитенот на тимот, Ванчо Димовски смета дека нема да биде толку лесно.

Според него нема лесен противник во Лигата на шампионите, посебно во нокаут-фазата.

„Динамо беше најпосакуван од можните противници бидејќи играат првпат во Лигата на шампионите. Тие се многу цврста екипа, тим што игра добро во одбраната оваа сезона. Едвај загубија на гости во Берлин и во Барселона, а го совладаа Загреб на нивен терен во клучниот натпревар. Ова значи дека ние треба да се подготвиме многу добро за двата дуели, а тоа што го играме вториот меч дома нема многу да ни значи. Сигурно и во Минск се задоволни што добија, со оглед на тоа кој можеше да им се падне“ – вели Димовски.

Металург има играно веќе еднаш со белорусите, на турнирот во Струга и славеа, благодарение на голманот Никола Митревски кој имаше одлична партија на тој натпревар.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он